Потрошувачката на вкупната енергија во Македонија во наредните пет години ќе расте по 2,5 отсто на годишно ниво. Тоа се предвидува во Предлог- енергетскиот биланс за периодот од 2015 до 2019 година што денеска беше презентиран пред Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија. Според Предлог - билансот, Македонија во 2014 година потрошила вкупно 74.759 тераџули енергија од сите видови на енергенси, а за следната година се предвидува да се потрошат 79.408 тераџули. Во 2014 година потрошена е вкупна енергија исто како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина, таа е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и коај огревното дрво за 1,4 отсто, а има помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто, рече претседателот на МЕА Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција.
Потрошувачката на вкупната енергија во Македонија во наредните пет години ќе расте по 2,5 отсто на годишно ниво. Тоа се предвидува во Предлог- енергетскиот биланс за периодот од 2015 до 2019 година што денеска беше презентиран пред Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија.
Според Предлог - билансот, Македонија во 2014 година потрошила вкупно 74.759 тераџули енергија од сите видови на енергенси, а за следната година се предвидува да се потрошат 79.408 тераџули.
„Во 2014 година потрошена е вкупна енергија исто како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина, таа е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и коај огревното дрво за 1,4 отсто, а има помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто“, рече претседателот на МЕА Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција.
Намалувањето на потрошувачката на електрична енергија се должи на намалувањето во делот на домаќинствата, каде се заменува во делот на загревањето со други енергенси, а и во делот на типот на индустријата. Порано главен потрошувач на електрична енергија беа металуршките комбинати кои можеби ја имаат намалено својата активност, а од друга страна се развива индустрија која е помал потрошувач.
Во 2014 година е забележан пораст од 8 проценти на производството на струја во споредба со 2013 година. Увозот во сите овие години е на нивото од околу 30 отсто од вкупните потреби.
Согласно законските обврски енергетскиот биланс го подготвува Агенцијата за енергетика и во него се предвидува потрошувачката на сите енергенси како што се електрична енергија, природен гас, нафта и нафтени деривати, јаглен, геотермална енергија, огревно дрво.